Мијатовиќ во последната секунда ја донесе победата на Работнички

фото: МКФ

Во дербито од второто коло во најдобрата македонска кошаркарска лига Работнички минимално беше подобар од Гостивар со резултат 91:90 (21:24, 21:26, 26:17, 23:23).

Херој во победата за екипата од Градски парк беше српскиот крилен центар Данило Мијатовиќ кој ја донесе победа во последната секунда.

Поранешниот кошаркар на МЗТ Скопје Аеродром, Куманово, Блокотехна и АВ Охрид реализираше кош во последната секунда,а претходно на три секунди до крајот на средбата, Американецот Донован Доналдсон погоди за минимално водство на гостиварци.

После првото полувреме водеа гостите со осум поени разлика (42:50), но во вториот дел домаќините направија целосен пресврт, третата четвртина ја освоија со 26:17.

Кај стрелците во победничките редови најефикасен беше Хејден Лесколт со 25 поени (по осум скокови и асистенции), а Мијатовиќ реализираше 17 поени (четири скокови).

На спротивната страна 21 поен (10 скокови, осум асистенции) беа дело на Доналдсон, а по 14 поени запишаа Ѓорѓе Џелетовиќ (четири скокови) и Диме Тасовски (четири скокови).

На табелата после две одиграни кола по четири максимални бодови имаат Работнички, МЗТ Скопје Аеродром, Еуро Никел и Куманово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот