Мијалков не го споменува братучедот Груевски
На денешното рочиште за аферата „Плацеви на Водно“ екс директорот на УБК, Сашо Мијалков во својот завршен збор рече не се чувствува виновен за делото за кое го гонат.
Препорачано
Ова е апсолутно неточно и ова го тврдам најодговорно. Јас тоа што ќе го кажам во мојот исказ не значи дека вие како судечки совет треба да ми поклоните верба бидејќи јас како обвинет можам да кажам се во моја одбрана исто како и останатите обвинети минатотот рочиште, а не зборуваа баш вистина затоа треба да дадете верба во материјалните докази. Ние не видовме ниту еден материјален доказ ниту па еден доказ. Единствено во исказот на Александар Ивановски Теранова се споменува но повеќе како обвинет, а не како сведок. Но и тој исказ не е целосен а верувам и вие ќе го прочитате. Јас никогаш не сум дал упатства за ниту едно кривично дело не само во овој крвично-правен настан туку во ниту било која друга ситуација, изјави Мијалков кој не го спомна својот братучед Никола Груевски кој е обвинет дека како партиски претседател и претседател на владата организирал група за да го сокрие вистинскиот соппственик на имотот на Водно.
– Најодговорно ќе кажам, и стојам зад ова дека ниту сум знаел ниту сум можел да знам дека тие пари потекнуваат од кривично дело. Ова не сум можел да го знам бидејќи никогаш не сум имал пристап до партиската каса како партиски функционер ниту пак сум чул од сопартијците особено ако недостасува толкава сума пари тоа не може да биде незабележано, истакна Мијалков, кој во периодот на извршувањето на кривичното дело за кое е обвинет беше директор на УБК во МВР.
Камчев позитивен на ковид дојде на судење за случајот „Плацеви на Водно“


