Камчев позитивен на ковид дојде на судење за случајот „Плацеви на Водно“
Бизнисменот Орце Камчев позитивен на коронавирусот дојде да присуствува на судењето за случајот „Плацови на Водно” во кој е обвинет, кажа неговиот адвокат Гоце Ристовски пред судијата Илија Трпков на почетокот на рочиштето. Додека ова го говореше неговиот адвокат, Камчев седеше во агол во судницата каде што нема други лица.
Препорачано
– Во меѓувреме обвинетиот Јордан Камчев имал контакт со заболен, при што појави симптоми на висока температура, доби боледување од матичен лекар, при што е извршено тестирање и вчера кај него е детектирани присуство на Ковид 19. Согласно Уредбата на Владата предвидена е задолжителна самоизолација, а овие околности се познати и на Јавниот обвинител, иако обвинетиот Камчев согласно Уредбата треба да е во самоизолација, а тој е присутен исклучиво по ценење на одбраната и негово лично од причина што се уште нема Решение за самоизолација – рече адвокатот Ристовски.
На судењето кое по ова се одложи, не беа присутни ниту сведоците Коце Трајановски, Дејан Митровски, Александар Бичиклиски и претставник од партијата ВМРО-ДПМНЕ.


