Мицотакис на средба кај Сакаларопулу да ја информира за мерките што ги презема државата

Ова е прва нивна директна средба откако таа стапи на функцијата, имајќи предвид дека тоа се случи во периодот кога во земјата започнаа да се преземаат дел од превентивните мерки.

Премиерот на Грција Киријакос Мицотакис денеска оствари средба со претседателката Катерина Сакаларопулу со цел одблизи да ја информира за справувањето на земјата со корона вирусот како и со последиците предизвикани во економијта.

Ова е прва нивна директна средба откако таа стапи на функцијата, имајќи предвид дека тоа се случи во периодот кога во земјата започнаа да се преземаат дел од превентивните мерки.

На почетокот од средбата, грчкиот премиер се осврна на „високото чувство на одговорност и солидарност на граѓаните” во однос на „дисциплинарното прилагодување” на рестриктивните мерки, додека, пак, претседателката на Грција рече дека општеството во целост покажа „импресивна зрелост” во изминатиот период.

Грчкиот премиер и шефицата на државата веќе одржаа една средба, но преку видео конференциска врска.

За време на денешните разговори, Мицотакис истакна дека неговата намера е ваквите средби да добијат редовен карактер.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот