Христијан Мицкоски /Фото: принтскрин

Мицкоски вели дека на УПОЗ му понудиле план за покачување во администрацијата, чекаат одговор

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во интервју во Дневникот на МРТ, ја оцени денешната средба со УПОЗ како конструктивна, наведувајќи дека им ги изложиле на претставниците на синдикатот условите и правилата за покачување на платата на дел од вработените кои во минатото не добиле покачување, за 40 проценти во следните две години и неколку месец. Мицкоски рече дека сега очекува одговор од УПОЗ за тоа дали синдикатот го прифаќа владиниот предлог.

„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред. Тие, исто како и претставниците од КСС, рекоа да се консултираат со раководството во рамките на својата синдикална гранкова единица и потоа во текот на утрешниот ден ќе не информираат. И доколку е се во ред, тогаш во недела би требало конечно да се согласиме, и од понеделник да почне изготвувањето на т.н. темплејт односно примерок, како би изгледал тој индивидуален синдикален договор“, рече Мицкоски.

Тој се обиде да ја објасни понудената динамика на покачувањето и рече дека тоа би изнесувало и 40% за дел од административците.

Врз основа на (договорот) ќе започне исплатата на платите во април, за мартовска плата оваа година, која би опфатила 8-процентно зголемување на збирот од сегашната плата зголемена за минималната плата што треба да се нивелира. Истото ова би се реплицирало во 2027 година и во 2028 година. Што значи дека за отприлика за две години и два-три месеци од сега, административните службеници, тие коишто не добиле, како што добија некои од нив во минатото, ќе имаат минимално 40 проценти поголема плата, споредено со денешното ниво“, рече Мицкоски.

Се одржа средбата во Владата: Синдикатот на УПОЗ доби понуда за раст на платите на 7.700 вработени

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот