Се одржа средбата во Владата: Синдикатот на УПОЗ доби понуда за раст на платите на 7.700 вработени
Владата понуди вработените во управата, правосудните органи и здруженија на граѓани да добијат линеарно зголемување за износот на растот на минималната плата, плус дополнителни 8 проценти
Синдикат на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ) утрово седна на преговори во Владата за платите на работниците кои ги опфаќа овој Синдикат. На состанокот присуствувал премиерот Христијан Мицкоски, министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, министерот за економија и труд Бесар Дурмиши и министерот за јавна администрација Горан Минчев.
Препорачано
Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски изјави за „Слободен печат“ дека сега на синдикално ниво треба да одговорат на понудата. Станува за 7.700 вработени кои не се опфатени со други гранкови договори.
-Ова е всушност одговор на нашето барање од 2025 година кога штрајкуваме. Ние баравме раст од 30 проценти, сега за три години се нудат 24 проценти, но затоа се нуди и линеарно усогласување со минималната плата. Во пракса, ова значи дека ако минималната плата се зголеми по формулата за минимална плата, што значи 50 отсто раст со процентот на инфлација од минатата година и 50 проценти со раст на просечната плата, тој раст да го добијат сите, на сите позиции независно дали некој е портир, или судија. Ова усогласување се прави еднаш годишно, а дополнително во 2025, во 2026 и во 2027 година вработените во управата, правосудните органи и здруженија на граѓани, да добиваат годишно уште по 8 проценти – рече Деаноски.
За попладнето е закажана средба во Владата со Конфедерација на слободни синдикати. Во синдикалните редови се случува едно разединување, па претседателот на КСС, Благоја Ралповски, обвинува дека ССМ е партиски инструиран. Овој Синдикат не го поддржа ни големиот работнички протест за повисоки плати што го предводеше ССМ.
Мицкоски вели дека на УПОЗ му понудиле план за покачување во администрацијата, чекаат одговор


