Христијан Мицкоски / Фото: Телма / скриншот

Мицкоски: Прифаќаме анкетна комисија за Кочани, но ќе зборуваме и за сите други трагедии

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва во „Топ тема“ на „Телма“ изјави дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата го прифаќа предлогот на опозицијата за формирање на анкетна комисија во Собранието за случајот со Кочани, но под услов да се зборува и за сите останати трагедии кои се случија изминативе години.

„Во ред, ќе зборуваме, но ќе зборуваме и за сите останати големи трагедии кои што нѝ се случија во изминатите години. За се да зборуваме, затоа што сите виновници, апсолутно сите, да се изведат пред лицето на правдата. Во најмала рака, кога во парламентот има ваков тип на анкетна и надзорна расправа, тогаш граѓаните треба да видат и слушнат кој е тој што направил грешка, кој е тој што злоупотребил, кој е тој што е виновен. И јас апсолутно ја поддржувам одлуката на пратениците, еве нека има анкетна и надзорна расправа“, рече премиерот.

Во врска со претстојниот судски процес за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во која загинаа 63-ца луѓе, Мицкоски рече оти лично смета дека судењето мора да се одвива без политичко влијание, но и дека „има одредени политички партии“ кои, како што вели, „се обидуваат да ја злоупотребат маката на оние што ги загубија своите најмили“.

– Лично мислам дека мора така да биде, не може да биде поинаку. Е, сега, има тука одредени политички партии што на овој случај, за жал, на маката на луѓето кои ги изгубија своите најмили се обидуваат да градат политичка кариера и затоа не можеме да кажеме дека нема политичко влијание бидејќи се обидуваат тие политичари и тие политички партии да ја злоупотребат оваа мака, рече Мицкоски.

Коцевски: Истрагата за пожарот во Кочани е завршена, од утре почнува увидот на одбраната во доказите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот