Христијан Мицкоски / Фото: Ора24.тв / Фејсбук / скриншот

Мицкоски пак го „потегна“ Фројд, изнесе нова мини анализа неповолна за опозицијата

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва уште еднаш го спомена Зигмунд Фројд и искористи паралели од учењето на славниот невролог и основач на психоанализата, за да го протолкува однесувањето на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) и оценките на лидерот на опозициската партија, Венко Филипче, дека ќе се одржат предвремени избори.

Во изминатите недели и месеци премиерот често реферираше на Фројд во јавните настапи во коментарите за опозицијата.

Мицкоски во интервју за телевизијата „Ора24“ рече дека владата нема време да размислува за предвремени избори бидејќи фокусот ѝ е на консолидирањето и економскиот раст, како и „реформите и нивно испорачување за граѓаните“.

„Граѓаните, меѓународната заедница и ние во Владата сме фокусирани на реформи и испорака за граѓаните. Тоа претставува наш приоритет. Фројд кога работи во опозицијата е повеќе од страв и сега тие тоа повеќе го артикулураат од страв дека знаат каков дебакл ќе доживаат и на следните парламентарни избори, дека ќе изгубат и сметам дека на следните избори ќе имаат и полош резултат од тој што го имаа во 2024 година, кој што беше историски најнизок резултат, кој што потоа го потврдија на локалните избори. Оваа година, нашиот фокус е во консолидирање и економски раст на државата. Иако имаме многу предизвици, зборувавме на почетокот, ние сме само тука фокусирани и концентрирани и се фокусираме на редовни парламентарни избори што ќе се случат во 2028 година“, рече Мицкоски.

Тој најави реконструкција на Владата во мај или во јуни. На прашањето дали има политичка партија која чека да влезе во Владата, без разлика дали станува збор за ДУИ, Алијанса на Албанците на Зијадин Села или крилото на Арбен Таравари, Мицкоски одговори дека во владината коалиција има „исклучително квалитетни односи“ и оти во овој момент не се заинтересирани за промена на нејзината структура.

ВИДЕО | Предвремени избори ќе има, власта нема да знае кај да бега, вели Филипче

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот