Фото: Лидерска средба / Фото: Христијан Мицкоски

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или во јуни – кои министри потфрлија во работата?

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во мај или јуни ќе се дискутира за можни кадровски промени во Владата.

Одговарајќи на новинарско прашање дали со коалициските партнери разговараат за реконструкција на Владата, Мицкоски потврди дека разговори има.

– Сме разговарале, бидејќи и коалициските партнери, но и ВМРО‑ДПМНЕ, имаат внатрешни прегрупирања и реструктуирање. Очекувам во мај-јуни да се седне и да се поразговара и апсолутно ќе разговараме отворено за сите теми – изјави премиерот.

Мицкоски сепак ќе го „реконструира“ министерот Лимани? Му ја одзеде „додадената вредност“ што еднаш му ја „додели“ – Слободен печат

Тој нагласи дека анализите ќе опфатат кои кадри потфрлиле, кои не, како и кои позиции би можеле да се променат или ротираат.

Мицкоски не кажа од кои министри не е задоволен.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот