Местото на пожарот во Трубарево се снимало со дронови – затрупувањето го отежнува увидот
Местото каде гореше електронскиот отпад во Трубарево се фотографирало и се снимало со дрон, но со оглед на затрупувањето на локацијата, увидните дејствија се отежнати, соопшти Јавното обвинителство откако денеска јавен обвинител и увидни екипи на МВР правеа увид во Трубарево.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Се собирале докази и за причините за настанувањето на пожарот, но и за складирањето на отпадот на локацијата.
-По наредба на јавен обвинител, локацијата ќе остане обезбедена и во наредниот период за потребите на постапката. Таму ќе продолжат да се вршат дополнителни мерења на загадувањето од Министерството за животна средина, а на терен ќе излезе и вешто лице од областа на екологијата – соопшти Обвинителството.
На лице место се уште има противпожарна екипа, бидејќи, како што велат од Обвинителството, на дел од локацијата и понатаму се јавуваат повремени чадења и постои опасност од ново разгорување.
Засега за пожарот за Трубарево во притвор се четири лица, на кои денеска им беше продолжен за дополнителни 48 часа, двајца се поврзани со сопствеништвото на компаниите кои управувале со отпадот и двајца се вработени.
ВИДЕО | Ангелов: Пожарот во Трубарево е изгаснат, депонијата „Дрисла“ речиси целосно затрупана


