Меси: Во Катар го одиграв моето последно Светско првенство

Лионел Меси/фото: EPA-EFE/Friedemann Vogel

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси во интервју за кинеските медиуми изјави дека „не мисли“ дека ќе игра на следното Светско првенство кое во 2026 година ќе се одржи во САД, Мексико и Канада.

– Веќе неколку пати го кажав тоа, мислам дека не. Тоа ми беше последно Светско првенство (во Катар минатата година). Ќе видам како ќе се одвиваат работите, но во принцип не мислам дека ќе одам на следното Светско првенство – рече 35-годишниот напаѓач, кој со Аргентина го освои златото на последниот Мундијал.

Седумкратниот освојувач на „Златната топка“ моментално се наоѓа во Пекинг, каде во четврток ќе настапи на пријателскиот натпревар помеѓу Аргентина и Австралија. Билетите за тој натпревар беа распродадени многу брзо, а цената на билетите се искачи и до 620 евра.

Уште на почетокот на февруари, Меси беше песимист за својот настап на СП 2026 година.

– Ќе биде тешко поради мојата возраст. Среќен сум што играм фудбал, го сакам тоа што го работам и се додека сум во добра физичка кондиција и продолжам да уживам во фудбалот, ќе го правам тоа. Ми се чини дека следниот Мундијалот е многу далеку – изјави тогаш поранешниот фудбалер на Барселона за аргентинските медиуми.

Пред неколку дена објави дека ќе го напушти ПСЖ за кој играше последните две години, а негов нов клуб ќе биде Интер од Мајами.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот