Меси има шанса против Австралија да го надмине рекордот на Марадона

Лионел Меси, репрезентативецот на Аргентина на СП 2022/фото: EPA-EFE/Ronald Wittek

Фудбалската репрезентација на Аргентина, како еден од фаворитите за титулата на Светското првенство во Катар, денеска од 20.00 часот во осминафиналето ќе игра против Австралија.

Милош Дегенек многу го почитува еден од најдобрите во историјата на фудбалот, Лионел Меси, а од друга страна австралискиот дефанзивец вели актуелниот светски шампион Франција има најголеми шанси да остане на тронот.

– Лео е најдобриот фудбалер на сите времиња, но играњето против него не го гледам како чест, бидејќи тој е само човек, како и сите нас. Поголема чест е што сме во осминафиналето на Мундијалот. Французите се веројатно најголемите фаворити за освојување на СП 2022. Ова не е само мое мислење, туку мислење на целата јавност. Иако, мислам и дека Аргентина по почетниот пораз се искачи на повисоко ниво и сега игра според своите можности. Дополнително е мотивирана од тоа што за Меси ова е последен Мундијал, сака да го заврши со трофеј. Наша задача е да го спречиме во тоа – се зборовите на Дегенек.

Тој признава дека, патем, е голем фан на Меси, но…

– Веројатно повеќе би сакал да го освојам Светското првенство од него. Шегата на страна, научивме многу од првиот меч против Французите. Можеби покажавме преголема почит кон шампионот на планетата и затоа мислам дека сабота ќе биде тотално поинаков натпревар – вели Дегенек.

Меси доколку на денешниот меч постигне гол против „кенгурите“ ќе ги престигне Диего Армандо Марадона и Гиљермо Стабиле по бројот на мундијалски голови во репрезентативниот дрес (сите имаат по осум) и ќе се доближи до Габриел Батистута (10).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот