Меси или Роналдо: Кој идол го инспирира Несторовски?

facebook.com/UdineseCalcio1896/

Македонскиот репрезенативец оваа сезона во Серија А запиша еден погодок во 17 настапи за тимот од Удине.

Напаѓачот на Удинезе во интервјуто за италијанскиот „Скај“ одговори на прашање кој е неговиот идол. Илија Несторовски исто така е во очекување на најнови информации дали и кога официјално ќе продолжи сезоната во италијанската Серија А.

Италија е една најпогодените земји од коронавирусот, иако 13 јуни се предвидува како продолжување на натпреварите во најсилното италијанско првенство, и натаму нема никаква потврда од тамошните власти.

Македонскиот репрезенативец оваа сезона во Серија А запиша еден погодок во 17 настапи за тимот од Удине.

Кој е мојот идол? Јас сум идол на себе. Не можам да кажам Роналдо или Меси, бидејќи тие се навистина од „друга планета“, затоа велам дека јас сум идол на самиот себе – рече Несторовски за „Скај“.

Додава дека го избрал Удинезе како еден од најорганизираните италијански клубови, со голем спортски центар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот