Меси го одби медалот: Не сакам да бидам дел од корупцијата!

twitter.com/BetKingNG

Потсетување дека Меси со Аргентина после триумфот над Чиле од 2:1 ја освои третата позиција на јужноамериканското првенство „Копа Америка“.

Ретко добива црвени картони, но овој против Чиле едноставно како да ја „круниса“ неславна репрезентативна намера во обид да освои некоја титула.

https://twitter.com/Barca_MP/status/1147792640273862657

Ваквиот потег на судијата уште повеќе ја зголеми разочараноста на Меси од целата организација на првенството така што дури одби да го прими бронзениот медал.

– Мислам дека денеска добив црвен картон поради моите поранешни зборови за судиите на првенството, ова е навистина срамно – рече Меси.

Обвинува и за постоење на корупција на „Копа Америка“ што се одржува во Бразил, дека целото првенство е наместено и дека домаќинот сигурно ќе биде шампион.

– Не сакав да го земам медалот за третопласирана репрезентација, бидејќи не сакам да бидам дел од корупцијата. Воопшто не се сомневам дека Бразил ќе биде шампион. За нив се беше наместено, обвини Меси.

Во големото финале кое се игра вечерва ќе играат селекциите на Бразил и Перу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот