Месецов започнува проширувањето на последниот дел од „Борис Трајковски“
Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски вчера информираше дека е објавен тендерот за реновирање на последниот дел од булеварот „Борис Трајковски“, од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево.
Препорачано
Дали по 15 години конечно ќе се прошири целиот булевар „Борис Трајковски“?
Градоначалникот изјави дека е предвидено активностите да започнат во наредните 40 дена, а рокот за изведба и реновирање на последните 850 метри е до крајот на годиината.
„Објавена јавната набавка за изградба на булеварот „Борис Трајковски“. За мене, еден од најважните капитални проекти. По завршувањето на законската процедура, за околу 40 дена започнуваме со работа, додека рокот за изведба е до крајот на оваа календарска година. Предолго, овој булевар беше симбол на застојот. 850 метри, од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево, беа 850 метри нервоза, прашина, оштетени возила, изгубени часови и скршени надежи“, изјави Ѓорѓиевски.
Тој изјави дека проширениот булевар ќе има четири коловозни ленти и пешачко-велосипедска патека и ги замоли граѓаните на трпеливост за време на градежните активности кои следат.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2час
-
3час
-
3час
-
3час
-
4час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


