Мерка што Австрија веднаш ја прифати, спаси 1,3 милиони работни места

Австриско знаме / СП. архива

Невработеноста во Австрија го запре растечкиот тренд.

Откако почна ширењето на корона вирусот во светот поради кој економиите на земјите почнаа да се затвораат, почна да расте и невработеноста. Во Австрија во моментов без работа се 1,8 милиони работници или рабитат со скратено време. За ова денеска говореше министерката за труд Кристин Ашбахер.

Оваа ЕУ земја во голем дел живее од туризам, кој во моментов е исклучително погоден. Ашбахер пренесе прецизни информации, поточно 503.494 лица се невработени, 46.168 се на дообразување, а околу 1,3 милиони се пријавени на скратено работно време.

Сега, на средина од месец мај има 39.000 помалку невработени во однос на средината на април, но Австрија секако трпи големи последици од корона ударот. Секако, како што и е очекувано, работната сила е прво ангажирана во градежништвото, односно во работењето на отворено.

Оваа земја неколку недели беше во агонија, бидејќи до средината на минатиот месец бележеше постојан раст на невработените лица. Сега кога попуштаат мерките, економијата постепено се отвора. Меѓутоа, ако споредиме со истиот период од 2019 година се забележуваат 189 илјади повеќе невработени.

Покрај туризмот, особено е погодена и трговијата. Од 15. мај е најавен почеток на курсеви за дообразување на невработените бидејќи, како што вели Ашбахер, важно е да се избори за секое работно место.

Австријците за време на кризата заклучиле дека скратеното работно време е добар инструмент да се намали ризикот во работата, а да се сочуваат работните места и плати. Според изјавата на министерката за труд, само во туризмот го угостителството, со помош на скратеното работно време, сочувани се 100 илјади работни места, а во трговијата 24 илјади.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот