Менувачници без лиценца откриени во Скопје, кривична пријава за три лица

Пари плати хонорари к15 / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против три лица поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено продавање или купување готовински странски и платежни средства и чекови” по член 55 од Законот за девизно работење.

Имено на 13.01.2024, полициски службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал извршиле претреси во три деловни простории во Скопје, при што ги затекнале пријавените при неовластено вршење купопродажба на странски пари односно работеле како менувачници без да имаат регистрирано правно лице во Централен регистар и без овластување издадена од Народна Банка на РСМ.

При претресите биле пронајдени машина за броење на пари,поголема сума на пари во различни апоени и валути и други предмети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот