Македонија Велс Фото: EPA/DIMITRIS LEGAKIS

Meксико и Тунис испратиле понуди за натпревар против Македонија

Македонската фудбалска репрезентација ја очекува клучниот бараж за пласман на Светското првенство, каде што во полуфиналето ќе се соочи со селекцијата на Данска, но Мундијалот извесно е дека нашата репрезентација ќе одигра и најмалку еден контролен натпревар.

Како што пренесува „macedonianfootball“, Фудбалската федерација на Македонија добила повеќе понуди од национални тимови кои веќе ги кројат подготовките за Светското првенство.

Најконкретна, наводно, била понудата од Тунис, кој изразил желба да гостува во Скопје, но од ФФМ посочиле дека евентуалниот натпревар би се одиграл на неутрален терен.

Понуда пристигнала и од Мексико, една од земјите-домаќини на претстојниот Мундијал, но истата била одбиена поради тоа што би се работело за далечно гостување.

Засега нема потврден термин за можните пријателски средби, а истиот би бил дефиниран доколку некој од натпреварите добие и официјална потврда.

На Светското првенство, Тунис ќе настапува во група со Холандија, Јапонија и победникот од европскиот плеј-оф од групата „Б“, додека Мексико е сместен во групата „А“ заедно со Јужна Африка, Јужна Кореја и победникот од европскиот плеј-оф „Д“, во кој учествува и Македонија во мартовските бараж-дуели.

Тоа значи дека, доколку нашата репрезентација обезбеди пласман на Мундијалот, би се нашла во иста група токму со селекцијата на Мексико.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот