Мек шарен ролат: Ултрабрз десерт! (РЕЦЕПТ)

принтскрин

Освен што изгледа убаво, овој ролат ќе ве освои и со својот вкус…

Потребно ви е:

4 јајца, 80 гр брашно, малку прашок за печиво, 40-50-мл масло, 50-100 гр шеќер, 50 мл млеко, 1 лажица какао.

Фил:

1 пудинг од ванила, 1 ванилин шеќер, 300 мл млеко, 50 грама, маргарин, 1 лажица шеќер во прав.

Подготовка:

Изматете ги јајцата со шеќерот и додадете го брашното со прашокот за печиво, маслото, млекото, па сето тоа добро изедначете го. Поделете ја смесата на половина. Во едната додадете какао и добро измешајте. Плехот обложете го со хартија за печење, па најпрвин сипете го светлиот дел, па израмнете го, а одозгора додадете го темниот дел па полека израмнете. Со долниот дел од лажицата размешајте движејќи ја лажицата во сите страни низ плехот, а потоа протресете. Печете на 190 степени околу 15-20 минути.

Печениот ролат истресете го на работната маса и завиткајте го да се олади. Изматете го маргаринот со шеќерот во прав. Сварете го пудингот, засладете го по желба и оладете го. На крај изматете го со сматениот маргарин.

Премачкајте го ролатот и завиткајте го повторно и оставете го да се излади 2-3 часа.

Целата постапка погледнете ја во следното видео…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот