Мехмедовиќ: Ковид-состојбата е стабилна, нема многу заразени, смртните случаи се реткост

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Состојбата со Ковид-19 е стабилна, бројката е значително намалена, а смртните случаи се вистинска реткост, изјави за 24 Инфо портпаролот на комисијата за заразни болести, д-р Злате Мехмедовиќ.

-Во моментов состојбата со Ковид-19 е стабилна. Неделно имаме по 30-на пациенти позитивни на корона. Дел од нив се со посилни симптоми и се хоспитализирани во инфективните клиники и се со кислородна поддршка, вели Мехмедовиќ.

Оној мал број на смртни случаи на лица заразени со Ковид-19, доктор Мехмедовиќ вели дека главната причина не е коронавирусот туку некоја друга болест.

-Некогаш може да се случи во текот на неделата да нема смртни случаи, оние што се смртни случаи некогаш еден случај во текот на неделата се со изразен број на коморбидитети кои што основната причина за смртта е некоја друга болест, вели Мехмедовиќ.

Според него, досегашните мерки се доволни и нема потреба за нивно дополнување во пресрет на новогодишните и божиќните празници и апелира истите да се почитуваат.

-Не можеме да прогнозираме ништо каква ќе биде клиничката слика по новогодишните празници, на сила остануваат оние четири мерки кои што комисијата ги остави во текот на летните месеци а тоа се да се носат маски во здравствените установи, во аптеките, домовите за стари лица и јавниот превоз и апелирам истите да се почитуваат, реч

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот