Меѓународна конференција за рано откривање рак на дебело црево

Меѓународна конференција за рано откривање рак на ректум и дебело црево ќе се одржи денеска во клиничката болница „Аџибадем Систина”.

Фокусот на конференцијата ќе биде зголемениот број заболени кај младата популација.

Најавено е учество на четириесетина еминентни доктори – предавачи од повеќе земји од Европа и Азија, коиќе ги изнесат своите искуства и достигнувања пред 150 учесници на работните сесии, предвидени во двата работни дена.

Коорганизатори на Конференцијата се сите соодветни професионални асоцијации во државата што имаат допир со оваа проблематика: Лекарската комора, Здружението на гастроентерохепатолози, Здружението на хирурзи, Здружението на патолози и Здружението на онколози и радиолози на Македонија.

На отворањето обраќања ќе имаат директорот на „Аџибадем Систина”, Јана Марин, како и претседавачот и претседател на Mediterranean Task Force for Cancer Control, Владимир Димов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот