Меѓу најдобрите кадети, играчот на Тотенхем го заврши воениот рок (ФОТО)

фото: твитер

– Сон се справи исклучително добро во сите области на обука, вклучително и воена етика и обука за безбедност – рече портпаролот на морнарицата на Јужна Кореја.

Напаѓачот на Тотенхем Хјунг-Мин Сон го заврши задолжителниот воен рок во Јужна Кореја. Играчот на премиерлигашкиот клуб настапи на многу високо ниво за време на тринеделниот тренинг и беше награден како еден од најдобрите пет кадети.

Морнарицата на азиската земја објави на социјалните мрежи фотографии од Хјунг-Мин со митралез М-16 во раката и му оддаде почит за завршувањето на обуката.

Во 2018 година тој и неговите соиграчи од националната репрезентација добија право на значително помал воен рок, благодарение на освојувањето на титулата на Азиските игри.

Напаѓачот реши да ја искористи присилната пауза во Премиерлигата поради пандемијата од КОВИД-19 за да го заврши воениот тренинг.

Сон се справи исклучително добро во сите области на обука, вклучително и воена етика и обука за безбедност – рече портпаролот на морнарицата на Јужна Кореја.

И натаму нема информации кога и како ќе продолжи Премиер лигата, Сон како еден од клучните фудбалери на Тотенхем треба исто така да се врати во Англија.

Според најавите каде на екипите се очекува наскоро да им се овозможи да продолжат со целосен тренинг со идејата за рестартирање на сезоната во првенството во јуни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот