Меган Маркл искрено проговори за шокантната ситуација од кралската турнеја: Изби пожар во собата на Арчи

меган маркл
Меган Маркл / Фото: Backgrid UK / Profimedia

Во првата епизода од нејзиниот подкаст „Архетип“, Меган Маркл ја угости својата блиска пријателка, тенисерката Серена Вилијамс, и искрено проговори за шокантната ситуација што ја доживеала во Африка во 2019 година.

„Не се сеќавам дека некогаш лично сум почувствувала негативна конотација зад зборот „амбициозен“ додека не почнав да излегувам со мојот сегашен сопруг“, рече Маркл во премиерната епизода на нејзиниот подкаст.

Нејзините чувства на темата за двојни стандарди беа повторени од Вилијамс, откривајќи со што се соочила и самата во текот на тениската кариера, со која решила да се збогува на почетокот на месецов.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Serena Williams (@serenawilliams)

Во разговорот со Вилијамс, Меган откри досега непозната ситуација која се случила во 2019 година кога пристигнала во Африка со принцот Хари и Арчи.

„Кога отидовме на турнеја во Јужна Африка, слетавме со Арчи. Тој имаше околу четири и пол месеци. Штом слетавме, моравме да го оставиме во станбената единица каде бевме сместени. Имавме намера да го подготвиме за кревет, но веднаш заминавме на официјална веридба во градот Нијанг, каде што одржав говор пред жени и девојки. Тоа заврши и влеговме во автомобилот кога ни рекоа: „Има пожар во резиденцијата“. Ги прашав што се случило и тие рекоа дека има пожар во собата на бебето“, откри Меган на нејзиниот подкаст.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Royal Addicted (@royaladdicted_new)

Кога конечно стигнале во сместувањето, нивната дадилка Лорен ги пречекала во солзи.

„Требало да го остави Арчи да отспие и само рекла: „Ќе одам долу за да јадам“. Додека се спуштала долу, се запалила греалката во детската соба. Немаше детектори за чад. Некој случајно почувствувал мирис на чад во ходникот и влегол внатре, пожарот бил изгаснат“, раскажа Маркл.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Spotify Podcasts (@spotifypodcasts)

Иако била крајно потресена од настанот, таа морала да продолжи да ги извршува своите кралски должности со нејзиниот сопруг, принцот Хари.

„Реков: – Ова нема смисла. Можете ли да им кажете на луѓето што се случи? Фокусот на крајот беше на тоа како изгледа сè, а не како се чувствуваме после сето тоа. Дел од хуманизацијата и пробивањето на овие етикети, архетипови и кутии во кои сме ставени е да имаме одредено разбирање за моментите зад кулисите за кои луѓето можеби не се свесни, а ние мораме еден на друг да си дадеме оддишка. Затоа што сме тоа што сме, моравме да го оставиме нашето дете“, изјави Меган.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот