Меган Маркл и принцот Хари ќе снимаат риалити шоу: Камери ќе го следат секој нивни чекор во следните 3 месеци

Фото: Профимедиа

Парот сака на луѓето да им ја покаже целата добротворна работа со која се занимава, изјави изворот.

Меган Маркл и принцот Хари се согласија во наредните 3 месеци да ги следат камери, и ова риалити шоу да се прикаже на Нетфликс.

Изворот открива дека парот потпишал договор со Нетфликс во вредност од 112 милиони фунти.

„Можеби имале возвишени идеи за прикажувањето на борбата за подобра животна средина и јазот меѓу сиромашните и богатите, но Нетфликс дефинитивно сака парче од нив. Сето тоа ќе биде изработено со вкус, а не како Кејти Прајс риалити шоуто. Тие сакаат на луѓето да им прикажат дел од нивниот живот, како и добротворната работа со која се занимаваат“, наведе изворот за „Sun“.

Фото: Профимедиа

Според изворот, „поголем дел од риалити програмата ќе биде за нивната филантропија, но не и за тоа што тие го прават зад затворени врати“.

Меган се надева дека овој серијал ќе им ја прикаже на гледачите нејзината вистинска личност, додека од друга страна публиката смета дека парот е лицемерен бидејќи од Велика Британија заминаа сакајќи приватност, а сега ќе снимаат реално шоу.

Фото: Профимедиа

Претставниците на Нетфликс велат дека парот има неколку проекти на кои работи, и дека воглавно тоа ќе биде прикажано во новиот серијал.

Фото: Профимедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот