Меџити: На Клиниката за онкологија е инсталиран акцелераторот

Клиника за радиотерапија и онкологија / Фото: ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска соопшти дека во петокот, 22 декември 2023 година е завршена инсталацијата на линеарниот акцелератор на Клиниката за онкологија.

Се инсталира новиот акцелератор на Онокологија, ќе биде во функција за три – четири месеци

-Акцелераторот е инсталиран на Клиниката за онкологија, исполнивме уште едно ветување. Од страна на производителот и одговорните физичари во установата е потпишан Final Acceptance Certificate – документ со којшто се потврдува дека медицинскиот апарат е инсталиран во целосна согласност со сите спецификации на проектите, составен и инсталиран следејќи ги сите упатства и технички барања согласно производителот Varian Medical Systems, вели Меџити.

Тој додава дека во наредниот период се очекува воведување во работата и започнување со зрачна терапија на пациентите.

Клиниката за онкологија платила 16 илјади евра за акцелератор да „фаќа прашина“ во депо и да му истече гаранцијата, наместо да се користи за болните од рак

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот