Се инсталира новиот акцелератор на Онокологија, ќе биде во функција за три – четири месеци

Министерството за здравство информира дека од денеска почнува инсталацијата на новиот акцелератор на Клиниката за радиотерапија и онкологија. Министерот Меџити инфомира дека првите две фази на демонтажа на дваесет години стариот акцелератор е завршена и направена е адаптација и реновирање на бункерот. 

-Проблемите ги решаваме брзо и ефикасно. Со задоволство информирам дека од денес започнуваме со монтажата на новиот акцелератор Varian 6116 на Клиниката за Радиотерапија и Онкологија. Деинсталацијата на линеарниот акцелератор стар околу 20-тина години која започна во август е завршена и направена адаптација и реновирање на бункерот – вели Меџити.

Во првата фаза се предвидува физичка инсталација на системот, по која следат мерења, калибрации, моделирања на системот до конечно пуштање во употреба. Се предвидува вршење на обука за работа со апаратот. Согласно предвидената динамика инсталацијата и останатите активности се предвидува да завршат за околу 3-4 месеци, по што истиот ќе биде пуштен во употреба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот