Медиумите зборуваат едно, Борусија друго: Халанд останува во Дортмунд

Ерлинг Халанд има нов спонзор/Фото: EPA-EFE/MARTIN MEISSNER

Спортскиот директор на Борусија Дортмунд, Себастијан Кел, ги негираше гласините на германските и англиските медиуми дека Ерлинг Халанд ова лето ќе ја напушти екипата и ќе се пресели во Челси.

Досега Борусија Дортмунд остана без Џејдон Санчо кој се пресели во Манчестер јунајтед, а Кел одлучи да стави крај на гласините дека екипата ова лето ќе остане и без втората голема ѕвезда.
– Нема никакви новости околу прашањето со статусот на Роналдо. Тој е во нашите планови и наскоро се враќа во тимот. Сака да игра фудбал, кај нас се чувствува комотно и се радува на можноста да постигне многу голови. Што се однесува до замената на Санчо, работиме на тоа. Сакаме играч кој исто како и Џејдон ќе се развие во фудбалер од светска класа – изјави Кел.

Германскиот весник „Билд“ пренесе дека Челси испратил понуда тешка 175 милиони евра за Халанд и дека Борусија ќе ја прифати, но управата на „милионерите“ според изјавата на Кел не е заинтересирана за продажба на својот најдобар играч иако идното лето сигурно ќе остане без него бидејќи има клаузула во договорот според која може да си замине за само 75 милиони евра.

Халанд во Борусија Дортмунд пристигна во јануари 2020 година од Ред Бул Салцбург, а изминатата сезона на 41 натпревар постигна 41 гол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот