Апарат за магнетна резонанца/Фото: EPA/JEON HEON-KYUN

Медицински инцидент во САД: Влегол со метален ланец да прави магнетна резонанца, скенерот го вовлекол

Маж на возраст од 61 година е хоспитализиран во критична состојба на Лонг Ајленд, САД, по несреќа што ја доживеал на магнетна резонанца.

Бизарниот инцидент се случил во среда попладне кога мажот влегол во просторијата за прегледи на клиниката за магнетна резонанца „Насау Опен“ носејќи дебел метален ланец околу вратот.

Во тоа време, скенерот за магнетна резонанца работел, што резултирало со тоа што машината насилно го „вшмукала“ човекот.

Властите соопштија дека на 61-годишникот не му било дозволено да влезе во просторијата за снимање и дека претрпел „медицински инцидент“.

Потоа бил итно префрлен во локалната болница, каде што е на лекување поради повредите и е во критична состојба.

Локалните власти ја истражуваат несреќата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот