Мед и ореви за студените зимски денови и потоа

За да ја подобрите работата на внатрешните органи и целиот систем, треба да јадете мед и ореви.

Медот и оревите се многу здрави намирници. Науниците одамна докажале дека содржат големо количество на витамини и минерали. Благотворно делуваат на човечкиот организам. А нивната смеса помага да се спасите од многу опасни болести. За да ја подобрите работата на внатрешните органи и целиот систем, треба да јадете мед и ореви. Ќе ви користат и ако сте под емотивен стрес или работите тепка физичка работа.

Зошто треба да јадете мед и орeви?

Кога редовно јадете мед и ореви, во вашиот организам се случува следново:

-Ако ве мачи главоболка ќе помине;

-Го нормализира системот за варење.

-Помага во брзо опоравување од пораѓање;

-Медот и оревите се незаменливи за женското здравје, бидејќи содржат супстанца која го подобрува дотокот  на крвта во органите во карлицата, а со тоа го подобруваат и либидото;

-Кај машките ја зголемуваат потенцијата;

-За јакнење на имунитетот доволно е секојдневно да изедете мала количина од оваа смеса. Ако имате настинка, ќе ви помогне брзо да се ослободите од затнат нос и воспалено грло;

-Ако имате анемија, јадете ги овие намирници , бидејќи содржат, манган и цинк;

-Го стабилизираат метаболитичкото нарушување;

-Ја подобруваат концентрацијата;

-Ја ублажуваат реумата.

Како да ја подготвите смесата од ореви и мед?

Помешајте 500 грама мед, со 500 грама ореви и додадете им сок од еден лимон. Добри измешајте и сипете во стаклена тегла.

Конзумирање:

-За деца постраи од 3 години-1 мала лажичка двапати дневно

-За возрасни: 1-2 големи лажици трипати дневно.

Бидете здрави!

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот