Новак Ѓоковиќ - Лоренцо Музети/ EPA/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

Мечот меѓу Ѓоковиќ и Музети може да влезе во историјата, двајцата ќе играат без тренери?

Новак Ѓоковиќ и Лоренцо Музети ќе се сретнат во четвртфиналето на Австралија опен, а овој меч би можел да влезе во историјата по еден необичен детаљ. Имено, многу е реално двата тенисери на теренот да излезат без поддршка од своите тренери.

Од дуелот во третото коло против Ботик ван де Зандшулп, тренерот на Ѓоковиќ, Борис Бошњаковиќ, не се наоѓа во боксот на Новак поради вирус, а наместо него поддршка му дава агентот Карлос Гомез.

На другата страна, Музети остана без двајца членови од својот стручен штаб за време на овој грен-слем турнир во Мелбурн. Неговиот долгогодишен тренер Симоне Тартарини, кој го води уште од почетоците на кариерата, се врати дома поради смртта на мајка му, додека кондициониот тренер Дамијано Фиоручи од лични причини го напушти турнирот.

Мечот меѓу Ѓоковиќ и Музети е закажан да започне околу 4:30 часот по средноевропско време. Досега двајцата тенисери се сретнале десет пати, а српскиот ас има убедливо водство од 9-1 во меѓусебните дуели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот