МЕЧКИ се појавија пред велосипедисти во ШАР ПЛАНИНА, погледнете како се спасиле (ВИДЕО)

Телеграфи

Двајца велосипедисти, кои за Телеграфи изјавиле дека се од Сува Река, објавиле ретко видео кое го направиле во неделата.

Станува збор за видео, за кое велат дека било забележано во Шар Планина, во регионот на Косово, и на кое се гледа како тие случајно наидуваат на една голема и две помали мечки.

За среќа, тие се спасиле од судир со животните за само неколку сантиметри, што може да се види и во објавените снимки. Тие објаснуваат дека потоа големата мечка бесно почнала да ги следи, пренесува Телеграфи.

– Беше многу страшен момент, но во исто време многу посебен, што ретко кој може да го доживее –  пишуваат момчињата во описот на видеото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот