Мечка во акција: Влезе во дворот на комшијата, но овој ЈУНАК ја преплаши (ВИДЕО)

Марк Стинциано од Њу Џерси се изненадил кога ги прегледал безбедносните камери и видел дека една мечка влегла во неговиот двор.

Мечката се обидувала да ја земе храната од хранилките за птиците.

На снимката се гледа како оваа ѕверка ја откорнува хранилката, но во тој момент комшиското куче Рајли втрчува во дворот, ја напаѓа мечката, која веднаш почнува да бега.

Стинциано му ветил на комшиското куче цел бифтек специјално за него, со кој ќе го почасти за овој херојски потег.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот