Мбапе во водство меѓу стрелците на СП, тешко се достигнува рекордот на Фонтен

Килијан Мбапе/фото: EPA-EFE/Abedin Taherkenareh

Пред четвртфиналните натпревари на Светското првенство во Катар, време е да ја погледнеме статистиката која вели дека Килијан Мбапе води моментно на листата на стрелци со пет гола.

Напаѓачот на Франција го подобри настапот од групната фаза со два гола во триумфот над Полска, а одличната форма ќе има можност да ја продолжи и против Англичаните.

Тешко се достигнува рекордот на поранешниот француски репрезентативец Жуст Фонтен кој на едно Светско првенство, односно во 1958 година на шест натпревари постигна 13 голови.

Англичаните се потпираат на своите најдобри стрелци Букајo Сака и Маркус Рашфорд кои исто така имаат по три голови. На врвот на листата на стрелци практично од никаде се појави Португалецот Гончало Рамос, кој немаше ниту еден старт на турнирот пред осминафиналето, но постигна хет-трик против Швајцарија.

Од играчите кои и натаму се активни на СП, по три голови имаат и Лионел Меси (Аргентина), Ришарлисон (Бразил), Оливие Жиру (Франција) и Коди Гакпо (Холандија).

На три погодоци застанаа Алваро Мората (Шпанија) и Енер Валенсија (Еквадор) кои се елиминирани од натпреварувањето. Најмногу асистенции по три на Мундијалот имаат Бруно Фернандеш (Португалија) и Хари Кејн (Англија).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот