Фото: ОФМ

Мажите во Струмица, дамите во Скопје ќе бидат домаќини во Европската лига 2026

Машката сениорска репрезентација на Македонија настапот во новото издание од Европската лига 2026 ќе го започне на домашен терен, односно како еден од домаќините на првите турнири, кога од 5 до 7 јуни во салата „Парк“ во Струмица ќе ги пречека националните тимови на Луксембург и Холандија.

Со ваквата одлука на Федерацијата, Струмица, односно хотелот „Пандев“ и салата „Парк“ остануваат базата на машката А селекција, која и минатата година на оваа локација го имаше настапот во ова континентално натпреварување.

Според веќе дефинираниот распоред Македонија турнирот го отвора против Холандија на 5 јуни, ден подоцна е слободна, додека на 7 јуни ќе се соочи со Луксембург.

Женската сениорска репрезентација, пак, во салата „Борис Трајковски“ во Скопје ќе биде организатор на еден од турнирите од третиот викенд, од 19 до 21 јуни, во Европската лига, кога ќе ги измери силите со Хрватска и Словенија. Турнирот го стартуваме со Хрватска на 19 јуни, во второто коло сме слободни, додека Словенија е противникот со кој играме на 21 јуни.

Од оваа година Европската лига добива и ново значење и нова тежина за сите нејзини учесници, односно ја превзема улогата на квалификациски циклус за Европското првенство 2028 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот