Матурантите задоволни од шансата одново да ги пријавуваат испитите

Матурантите деновиве повторно ги пријавуваат испитите за државната матура во согласност со новите измени што ги постигнавме со договорот, вели за „Слободен печат“, Бленди Ходаи, лидерот на Средношколскиот сојуз.

Според Ходаи, засега без никакви проблеми се одвива процесот за матурантите, според кој, оние кои до крајот на декември пријавија дека ќе полагаат матура, сега одново се пријавуваат во училиштата за да ги променат предметите што ќе ги полагаат, согласно постигнатиот компромис за измени на концепцијата за оваа генерација на матуранти.

– Запишувањето на предметите започна на 22 февруари, а ќе заврши на 5 март, за да можат навреме да се внесат податоците во системот на Државниот испитен центар – додава Ходаи.

Од друга страна, матурантот Христијан Ацевски од СУГС „Раде Јовчевски – Корчагин“, вели дека е задоволен од можноста да се изврши промена во пријавените предмети.

– Тоа е супер бенефиција која ја добија сите матуранти од земјава, посебно по целата голгота со државната матура која ја поминавме оваа година – смета Ацевски.

Матурантка од штипската гимназија „Славчо Стојменски“, вели дека на овој начин матурантите добиле повеќе време да размислат и за својот избор во понатамошното образование.

– Со ова добивме повеќе време да ги избереме вистинските предмети кои пак се поврзани со факултетите на кои ќе се запишеме од септември. Мислам дека тоа е голем плус за сите – вели оваа матурантка која побара да остане анонимна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот