Матичните лекари добија насоки, рецепти за „ивермектин“ може да се издаваат

Ивермектин/ Фото Sandrine Mulas / AFP / Profimedia

Претседателката на Сојузот на матични лекари, доктор Лилија Чолокова Дервишова за Слободен печат потврди дека Лекарската комора испратила протокол за лекување со „ивермектинот“.

– Преку Лекарска комора е пуштен протокол до сите матични лекари. Во протоколот стои дека превентивно треба да се земат 12 милиграми неделно, односно 4 таблети доколку некој бил во контакт со заболен, но се уште нема симптоми. Додека за останатите, дозирањето е преку еден ден по 0,2 мг по килограм телесна тежина, вели д-р Чолакова.

Матичните лекари веќе почнаа да издаваат рецепти за „иверметкин“, а пациентите го купуваат превентивно. Откако се прошири веста дека лекот го има на полиците во аптеките, се вжештија телефоните во ординациите на матичните. Рецепт за овој лек бараат и оние кои немале директен контакт со позитивен на ковид-19, но матичните лекари не ги одбиваат.

Велешанец со сведоштво за „Слободен печат“: Ивермектинот ми го спаси животот

Дека лесно се доаѓа до рецепт за овој лек ни потврди и нашата соговорничка, 29-годишната Марија П.

– Преку едноставна телефонска консултација со мојата матична лекарка успеав за неполн час да дојдам до рецепт за „иверметкин“. Самата нагласив дека поради природата на мојата работа често сум во контакт со позитивни или суспектни на коронавирус. Лекарката ме праша дали знам како да го употребам, на што одговорив негативно, и таа ми напиша на ливче да го земам првиот и третиот ден по контакт, во зависност од мојата килажа, раскажува Марија.

И во ординацијата на претседателката на Сојузот на матични лекари, доктор Лилија Чолакова Дервишова денеска има зголемен интерес за рецепти за „иверметкин“.

-Дефинитивно има голем број на пациенти кои сакаат овој лек да го имаат дома, во случај да им треба. Јас како лекар не можам да правам селекција на кого ќе го препишам, а на кого не. Најголем број од пациентите сакаат да го обезбедат поради природата на нивната работа, вели Чолакова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот