Математичкиот гениј Дамјан Давков е добитник на највисоката општинска награда

Дамјан Давков
Фото: Фејсбук, Иван Јорданов

Дамјан Давков, 14-годишниот математички гениј е добитник на наградата ,,Осми Ноември“, која Штип ја доделува на секои пет години. Комисијата за култура и 23 советници биле едногласни 14-годишното момче да ја добие наградата.

– Дамјан е мултиталентирано дете, а ваквите генијални деца се препознаваат уште во градинките, смета тимот од наставниците и универзитетските професори, кои заеднички ги објавија прирачниците Математика низ игра, збор и разговор.

Пред неколку месеци неговото семејство принципиелно ги одби сите донации, откако комисијата во ресорното министерство одби да му ја врачи наградата за државен првак по матетамика за средношколци, со образложение дека тој е ученик во деветолетка. Неговата мајка Никица Давкова вели дека Дамјан ја добива поддршката од институциите, она што по закон го следува.

Доделени се и признанија ,,Осми Ноември” и тоа три постхумни на новинарите Горан Гаврилов, Трајче Јованов и Драган Ристов.

Македонска гордост: Штипскиот математички гениј, Дамјан Давков освои сребро на Светската математичка олимпијада ИМО 2021

МОН: Дамјан Давков ќе биде награден за високите постигнувања на меѓународните натпревари по математика