14 годишниот математички гениј Дамјан Давков ја доби наградата 8-ми ноември/ Фото: Архива на Слободен печат

Македонска гордост: Штипскиот математички гениј, Дамјан Давков освои сребро на Светската математичка олимпијада ИМО 2021

Штипјанецот Дамјан Давков на Светската математичка олимпијада ИМО 2021, освои сребрен медал и со тоа стана најмладиот освојувач на сребро во Европа и четврти во светот. Оваа вест на социјалните мрежи ја објави неговата мајка Никица Давкова.

– По пауза од десет години Македонија има пак сребро. Има и две бронзи и две пофалници. Честитки до водачот на тимот проф. д-р Ристо Атанасов и до заменик водачот проф. д-р Мирко Петрушесвки. Голема благодарност до сите, кои на свој начин учествуваа во подготовките на Дамјан. Благодарност до СММ и Мирко Петрушевски кој организираше олимписки подготовки за македонските натпреварувачи, вели во Фејсбук статусот Давкова.

Таа се заблагодарува и на новиот ментор на Дамјан, и како што вели и до некои наши поранешни натпреварувачи, кои денес живеат и работат во странство, а од кои имаат голема поддршка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот