Матеј Цветаноски е нов фудбалер на босански Железничар
Македонскиот крилен играч, Матеј Цветаноски (26), официјално е промовиран како нов фудбалер на Железничар од Босна и Херцеговина. Со новиот клуб потпиша договор на две години.
Препорачано
Претходно играше за Пелистер од Битола, Вардар, Шкупи, АП Брера, унгарски Ѓирмот и албански Партизани.
Во минатата сезона за Брера одигра 25 натпревари во кои запиша по четири голови и асистенции.
Во кариерата двапати ја освојуваше титулата шампион на Македонија и еднаш шампионската титула на Албанија. Во сезоната 2019/2020 ја освои титулата со Вардар, а придонесе со три гола и седум асистенции. Во сезоната 2021/2022 со Шкупи беше првак во македонскиот шампионат, а постигна пет гола и додаде шест асистенции.
– Првите впечатоци ми се одлични, стадионот е многу убав. За овој клуб се зборува дека е голем и дека има добри навивачи и одлична атмосфера на стадионот. Едвај чекам да играм. Имам неколку пријатели во оваа лига, имам слушнато добри работи за фудбалот во БиХ и мислам дека играњето овде е чекор напред во мојата кариера. Навивачите на Железничар можат да очекуваат да дадам сè од себе и да гинам на теренот – рече Цветаноски за клупскиот сајт.


