Цивилна гарда од Шпанија, фото: Wikipedia

Масовно пукање близу Алмерија: Млад Шпанец си ги уби родителите и повреди уште четири луѓе

Дваесет и петгодишен маж е уапсен под сомнение дека ги убил своите родители и повредил уште четири лица во масовно пукање во Јужна Шпанија, пренесува Би-би-си.

„Двете лица кои загинаа се роднини на осомничениот за пукањето“, изјави портпарол на полицијата на Цивилната гарда.

Цивилната гарда го истражува нападот и се обидува да утврди можен мотив за пукањето.

Властите соопштија дека пукањето било пријавено во 23 часот по локално време во малиот град Ел Ехидо, во близина на Алмерија.

Уште четири луѓе, меѓу кои и две деца, биле тешко повредени и пренесени во болница.

Се верува дека едно од нив е седуммесечниот син на осомничениот, според локалните медиуми.

Идентитетите на осомничениот и на жртвите сè уште не се официјално објавени од шпанските власти.

Локалните медиуми наведуваат дека другото повредено дете е бебе старо само 18 месеци, додека меѓу повредените наводно има и 60-годишен маж.

Осомничениот кратко време бил во бегство пред самиот да се предаде во локална полициска станица.

Масовните пукања во Шпанија се релативно ретки. Според „Проџект инсајт“, кој го следи оруженото насилство во Европа, помеѓу 2000 и 2023 година биле регистрирани четири такви случаи.

Вооружувањето на Европа има неочекувана последица: Сопствениците на недвижности ги тријат рацете

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот