Одеса EPA-EFE/SEDAT SUNA

Масовен руски напад со дронови врз Одеса, делови од градот останаа без електрична енергија

При руски напад доцна вчера била оштетена индустриска, енергетска и пристанишна инфраструктура во украинскиот регион Одеса на Црното Море, што предизвика прекини во снабдувањето со електрична енергија во различни населби во јужниот дел од регионот, објави денеска локален функционер, јавува Нова.рс.

Регионалниот гувернер Олех Кипер преку Телеграм објави дека пожарите се брзо изгаснати и дека никој не е повреден. Тој рече дека струјата е вратена во критичните инфраструктурни објекти.

Градоначалникот на пристаништето Измаил, најголемото украинско пристаниште на Дунав, на границата со Романија, изјави дека градот синоќа бил под „масовен“ напад од руски беспилотни летала.

„Нападот оштетил инфраструктура и станбени згради“, објави градоначалникот на социјалните медиуми.

Романското Министерство за одбрана денеска соопшти дека по рускиот напад фрагменти од беспилотни летала паднале во близина на селото Плауру преку Дунав на романска територија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот