Мас: Европа треба да е помалку зависна во здравствениот и енергетски сектор

Европа треба да биде помалку зависна од другите земји во стратешките области, како што се здравствениот и енергетскиот сектор, им рече германскиот министер за надворешни работи, Хајко Маас, на германските амбасадори собрани на онлајн конференција.

„Итно треба да ја намалиме нашата зависност во стратешките витални области: во здравствениот сектор, но подеднакво во однос на енергијата, информатичката технологија, храната, логистиката и суровините”, рече Мас во Берлин, јави ДПА.

„Кога се работи за здравјето и безбедноста на нашето население, ЕУ мора да гарантира сигурно снабдување”, нагалси тој.

Според него,тоа не значи отфрлање на слободната трговија.

„Но, рамнотежата помеѓу меѓународната поделба на трудот и ризикот од стратешка зависност мора да се воспостави на друг начин”, рече тој.

„Би сакал Германија и Европа да бидат пионери во ова”, додаде Мас.

Во упатствата до германските претставници за шестмесечното претседателство со ЕУ во втората половина на 2020 година, рече дека целта е да се обезбеди и европско влијание во светот по пандемијата.

Германскиот министер за надворешни работи рече дека пандемијата ќе има силно влијание врз надворешната и безбедносната политика и може да ги влоши глобалните нерамнотежи, иако не е јасно која држава ќе излезе победничка од пандемијата.

„Повеќето луѓе се обложуваат на Кина, но дали е тоа едноставно?”.

„Дали меѓународните компании ќе продолжат да произведуваат „навреме” во Кина, ако причините за криза од овој вид не бидат разјаснети на проверлив начин”, додаде тој.

Мас исто така посочи на „искривената слика” на САД што ја прикажува земјата со колапс на здравствениот систем и со огромна невработеност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот