Мартин Поповски го продолжи договорот со Амичитиа Цирих

фото: gc-amicitia.ch

Македонскиот ракометар Мартин Поповски официјално го продолжи договорот до 2026 година со Амичитиа Цирих, соопшти денеска швајцарскиот клуб.

Нашето 29-годишно десни крило ќе остане верен на клубот до крајот на натпреварувачката сезона 2025/26.

Ја игра најдобрата сезона во Швајцарија откако се пресели во 2020 година од редовите на Тинекс Пролет.

Во својата клупска кариера беше дел и од Текстилец, Вардар Јуниор и Вардар.

– Многу сум среќен поради продолжувањето на договорот. Во последните години успеавме да се наметнеме меѓу четирите најдобри тимови во Швајцарија. Се надевам и убеден сум дека можеме да продолжиме со овој позитивен развој, па дури и да ги напаѓаме местата на подиумот во иднина – рече Поповски за клупскиот сајт.

Пофални зборови за Поповски има спортскиот директор на клубот, Габор Вас:

– Мартин се залага за развојот на тимот во последните години како ретко кој друг. Откако е меѓу нас, постојано ги развива своите ракометни вештини и прераснува во апсолутен лидер. Со својот професионален став и дух, тој е и пример за многуте млади играчи во нашиот тим – вели Вас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот