Марш по повод Меѓународниот ден за видливост на трансродовите лица

Граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица ТрансФормА денеска ќе одржи марш, по повод Меѓународниот ден за видливост на трансродовите лица – 31 Март.

-TрансФормА заедно со трансродовите лица, активистите и нивните поддржувачи се приклучува по четврти пат кон глобалната акција за солидарност со трансродовите лица, со цел намалување на насилството и дискриминацијата со кои секојдневно се соочува оваа маргинализирана група, посочија од ТрансФормА.

Од граѓанската иницијатива бараат од Владата и од Собранието да го вратат Законот за правно признавање на родот и да го изгласаат.

-Очекуваме поддршка од пратениците со кои соработуваме и кои ја разбираат значајноста од донесувањето на овој закон, но и од сите останати што досега не успееја да ја увидат нужната и итна потреба од подобрување на нашата легислатива во насока на подобрување на нашите секојдневни животи. Тука сме и без закон и продолжуваме да даваме отпор кон сите гласини што нема да го стишат гласот на трансродовата заедница. Заслужуваме безбедност, рамноправност и почит кон нашиот идентитет како и сите други граѓани! Тука сме и без закон, но не се откажуваме од негово донесување, соопштија од ТрансФормА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот