Марш на толеранција во Скопје

Марш на толеранција ќе биде одржан денеска во Скопје во организација на Хелсиншкиот комитет за човекови права, а по повод Меѓународниот ден на толеранцијата.

Маршот ќе започне напладне пред Музејот на Град Скопје, преку улица „Македонија”, до крајната точка на платото пред Универзитетот на ЈИЕ во Старата скопска чаршија.

Во фокусот на годинашното одбележување на Меѓународниот ден на толеранцијата се образованието и младите.

На Маршот на толеранцијата ќе биде побарано вистински да се активира декларираната политичка волја за квалитетно и сеопфатно образование. Ќе бидат побарани темелни промени во образовниот процес и содржини кои ќе соодветствуваат со времето во кое живееме и со реалните потреби на младите луѓе, а ќе бидат повторени многупати изречените пораки за прочистување на наставните материјали од содржини кои дискриминираат и ја оправдуваат нетолеранцијата помеѓу различните групи и поединци. Учесниците ќе порачаат дека образованието не смее да биде терен за перпетуирање на мислења и ставови кои предизвикуваат омраза, поделби и насилство, велат од Хелсиншкиот комитет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот