Марота: Не можеме денеска да објавиме дека Лукаку се враќа во Интер

Ромелу Лукаку повторно во дресот на милански Интер/фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Извршниот директор на Интер, Џузепе Бепе Марота денеска изјави дека враќањето на Ромелу Лукаку на „Џузепе Меаца“ е извесно иако сè уште има пречки во преговорите со Челси.

Челси ја одби првата понуда од Интер за Лукаку која изнесуваше 6 милиони евра и порача дека ќе дозволи едногодишна позајмица за 10 милиони евра плус 2 милиони во бонуси кои би биле поврзани со настапите и головите на белгискиот репрезентативец.

– Враќањето на Лукаку во Интер е изводливо, но има потешкотии и мора да процените дали постои шанса да го реализираме овој трансфер. Затоа нема да објавиме денеска дека Лукаку се враќа – изјави Марота.

Првиот оперативец на „нераѕурите“ потврди дека преговара со Пауло Дибала кој стана слободен играч откако не се согласи да го продолжи договорот со Јувентус.

– Лукаку и Дибала се нашите желби, но мора да размислуваме и за финансиите. Преговараме со двајцата фудбалери и ќе бидеме среќни доколку потпишеме договор. Доколку не успееме, ќе бараме други решенија. Не ни се важни парите туку тимот, а ние имаме „солидна екипа“ – додава Марота.

Тој потврди дека нови играчи ќе бидат голманот Андре Онана и напаѓачот Хенрик Мхитарјан, како и дека е заинтересиран за дефанзивецот на Торино, Бремер додека ја отфрли можноста екипата да ја напушти Лаутаро Мартинез.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот