Мароко овој момент го чека скоро четири децении, на Хрватите им е доволен и бод за осминафинале

Фудбалерите на Мароко се вистински хит на Мундијалот во Катар/фото: EPA-EFE/Rungroj Yongrit

Еден од најинтересните натпревари во последното коло од групата „Ф“ на Светското првенство во Катар ќе биде оној меѓу второпласираната и третопласираната од претходниот Мундијал, Хрватска и Белгија од 16.00 часот на стадионот „Ахмад бин Али“ во Ал Рајан.

Во истиот термин, но на стадионот „Ал Тумама“ во Доха силите ќе ги одмерат Канада и Мароко. Канаѓаните со поразите во првите две кола испаднаа од трката за влез во осминафиналето.

Хрватите се моментно првопласирани со четири бодови колку што имаат и Мароканците, но „коцкестите“ имаат подобра гол-разлика. Составот на Златко Далиќ може и со бод да го обезбеди осминафиналето, а со триумф и првото место во групата, со услов Мароко да не ја победи Канада поубедливо од разликата од онаа на Хрватска.

Белгијците никако да блеснат на овој Мундијал, иако едвај во првото коло победија против Канада, а ги разочараа своите навивачи со поразот од Мароко. Селекцијата на Роберто Мартинез мора да оди на три бода против Хрватска доколку сака влез во осминафиналето, има и опција и со реми да ја оствари целта, но Мароко да загуби од Канада со три или повеќе голови разлика.

Мароканците кои дефинитивно го привлекоа вниманието со своите игри и резултати, имаат шанса за првпат по 36 години повторно да се најдат во нокаут-фазата на Мундијалите. Тимот предводен од Валид Реграги може и со пораз да се најде во осминафиналето доколку Хрватска ја совлада Белгија.

СП 2022
Група „Ф“

Трето коло, двојки –

16.00 часот Хрватска – Белгија
16.00 часот Канада – Мароко

Табела:

1. Хрватска (4:1) 4 бодови
2. Мароко (2:0) 4
3. Белгија (1:2) 3
4. Канада (1:5) 0

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот