„Марка“: Пандев меѓу фудбалерите кои оставија најголем впечаток на Евро 2020!

пандев
Фото: EPA-EFE/Vadim Ghirda

На Европското првенство по завршувањето на групната фаза се одиграни 36 натпревари од вкупно 51, а денеска на програмата се првите мечеви во осминафиналето.

Шпанскиот медиум „Марка“ одвои 16 фудбалери кои досега оставија најголем впечаток и кои изненадија со своите игри на континенталниот собир.

Во овој избор се наоѓа Горан Пандев кој на дуелот со Холандија ја заврши репрезентавната кариера. Македонија го заврши настапот со три порази во дебито, Пандев постигна гол против Австрија (1:3), што го направи втор најстар стрелец во историјата на еврошампионатите. Севкупно за националната А селекција запиша 38 голови во 122 настапи.

Покрај Пандев, на оваа листа се наоѓаат уште Рахим Стерлинг (Англија), Били Гилмур (Шкотска), Јоел Похјанпало (Финска), Патрик Шик (Чешка), Дензел Дамфрис (Холандија), Мануел Локатели (Италија), Микел Дамсгаард (Данска), Ромелу Лукаку (Белгија), Емил Форсберг (Шведска), Давид Алаба (Австрија), Робин Госенс (Германија), Атила Шалаи (Унгарија), Џорџино Вајналдум (Холандија), Лука Модриќ (Хрватска) и Кристијано Роналдо (Португалија).

За Роналдо кој со португалската репрезентација ја брани европската титула изворот вели дека досега има пет голови и никој не може да му се доближи. Тој веќе стана најдобар стрелец во историјата на Европските првенства со 14 голови, воедно се израмни со Али Даеи, по 109 погодоци, по бројот на голови за националната репрезентација.

Пандев уште еднаш му се заблагодари на селекторот: Шефе, благодарам е малку да ти кажам, го сплотивте цел македонски народ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот