ФОТО | Марк Џејкобс платил 50.000 евра за затегнување на лицето: Славниот дизајнер ги покажа резултатите од третманот
Познатиот дизајнер Марк Џејкобс објави фотографија на својот инстаграм – профил од новата естетска корекција на која се подложил. Иако никогаш не криел дека сака да го „поправаат“, овој пат дизајнерот открил дека е на третман за затегнување на лицето за кој платил речиси 50 илјади евра.
View this post on Instagram
– Имам некои лузни околу ушите и лицето ми е отечено, а имам и модринки на вратот, но сепак објавувам фотографии на својот инстаграм – профил. Не ми е грижа. Правам сè што нормално правам, го живеам својот живот и да го споделам со сите што се заинтересирани, изјавил модниот дизајнер за „Vogue“.
View this post on Instagram
Џејкобс беше подложен на третман, корекција и затегнување на кожата на вратот и лицето, а притоа морал да пие лекови против болки пред операцијата.
View this post on Instagram
– Ми се допаѓа резултатот, многу сум среќен, изјавил дизајнерот.
Џејкобс, исто така, направи трансплантација на косата пред десет години.
View this post on Instagram
– Отсекогаш сум бил транспарентен за многу работи. На пример, еднаш кога дојдов на настан, луѓето ме прашаа: „Зошто носиш бејзбол капа?“, јас им изговорив: „Бев на трансплантација на коса“. Луѓето се забавуваа и беа воодушевени бидејќи им ја открив причината без да ги залажувам. Искрено, која е разликата помеѓу таа и оваа постапка сега? Нема да го покривам лицето. Нема да носам очила за сонце. Нема да се кријам, изјавил Џејкобс.