Марина Туцаковиќ открива која актерка сака да ја толкува во автобиографскиот филм
Марина Туцаковиќ, познатaта „хитмејкерка“, открила дека наскоро ќе се снима филм за нејзиниот живот и сè што преживеала во нејзините 67 години. Марина, која со години се бори со рак на дојка, призна дека поради нејзината болест нема да може активно да учествува во филмот, но дека ќе може да се појави во неколку кадри.
View this post on Instagram
„Луѓе со години ме тераат да напишам книга за мојот живот, но јас сум повеќе за филм. За 67 години преживеав и искусив сè и сешто, и тоа би било многу интересно за луѓето да го гледаат. Поради болеста, не би можела да глумам во целиот филм, но би се појавила во неколку кадри“.
Ракажала Марина за „Informer“ и објаснила зошто смета дека Аница Добра е најдобриот избор за главната улога:
„Таа е одлична актерка и може да ме глуми без никакви проблеми. Нема никој што не слушнал за неа и сите мислат дека е феноменална. Двете сме плавуши и физички потсетува на мене“, рекла Марина.
View this post on Instagram
Таа сè уште немала наслов за автобиографскиот филм, но сигурна е дека ќе биде доследен на нејзиниот израз.
„Познатиот актер Љубиша Бачиќ Баја почина во 1999 година, а на неговиот гроб пишува: „Од почеток до крај, Бачиќ Баја се зае*аваше“. Е, па филмот за мене ќе се вика токму така: „Марина Туцаковиќ се зае*аваше од почеток до крај“, тоа е работен наслов – рекла Туцаковиќ.